17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Со поддршка на референдумот да го спречиме одливот на млади од државата

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска беше во посета на Охрид, каде се сретна со градоначалникот Јован Стојановски, а, како што информираат од прес-службата на кампањата „Излези за европска Македонија“, за време на прошетката низ градот се видел и разговарал со граѓани од Охрид.

Како последна активност за време на посетата, Димитров се обратил на граѓанска трибина, на која се осврнал на предизвиците со кои се соочуваат охриѓани, а како еден од главните предизвици бил идентификуван проблемот со одливот на младите од регионот.

„Ова е реален предизвик за Охрид и околината. Младите си одат во потрага за подобар живот, од град со огромен потенцијал. Тоа е нешто што мора да го смениме. Патот до таму не е краток, ниту па лесен и само одговорно и со многу работа ќе стигнеме до целта. Мора да успееме. Важно е да тргнеме по патот, низ вратата, со исправена глава. Следниот суштински чекор по патот кон европска Македонија ќе се случи на 30 септември“, изјавил министерот.

Димитров се осврнал и на економските бенефити од НАТО што, како што рекол, во голема мера ќе имаат релативно брз позитивен ефект во Охрид и околината, преку развој на туризмот но со фокус на еколошката одржливост и со внимателно планирање и имплементација на тој развој, со исклучиво важен акцент ставен на заштитата на животната средина.