15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Ако треба судењето ќе трае до 22 часот, му рече судијката на адвокатот на Јанкулоска

Во кривичниот суд во Скопје почна судењето во издвоената постапка за ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за набавката на „мерцедесот“ во предметот „Тенк“ на СЈО.


На почетокот од судењето, судијката Добрила Кацарска ѝ рече на Јанкулоска: „Да ви е живо и здраво детето“. Судијката ѝ рече дека нема да ѝ биде ускратено ниту едно од нејзините мајчински права кои ги има според закон.

Адвокатот на ексминистерката побара одлагање на рочиштата сè додека Апелациониот суд во Скопје не одлучи за жалбата на Никола Груевски и Ѓоко Поповски за првостепената пресуда на судот за набавката на „мерцедесот“.

Адвокатот рече дека списите на предметот се во Апелација за одлучување, а немаат добиено ниту технички прецизирано обвинение. Судијката не дозволи одлагање поради причините кои ги наведоа адвокатите. Едната причина е поради фактот што Кацарска направила фотокопии од списите на предметот и дека за судењето заседава истиот судиски состав. Освен тоа, како што рече судијката, додека да заврши седницата во Апелација и да биде донесена одлука, ќе сведочат поканетите сведоци, а штом стигне на ред доказната постапка, во судот ќе се вратат и оригиналите.

Адвокатот Тасевски ја замоли судијката, судот да работи во рамки на времето, а не по истекот, бидејќи, како што рече, не станува збор за притворски предмет.

„Повеќе пати сум кажала, и сега ќе кажам, секое рочиште ќе се одвива со динамика каква што определил судот. Нема да дозволам сведоци да се враќаат дома и пак да доаѓаат заради истек на работно време“, рече Кацарска. Таа дополни дека расправите ќе траат до крајот на работното време.

„Ако повторувате исти работи со долги реченици, судот ќе продолжи да работи и до 22 часот. Нема да одговарам на ваквите ваши барања“, рече судијката.