24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Салвини е мој херој, а Макрон непријател

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, рече дека италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини е негов херој, а како свој главен противник во Европа го именува францускиот претседател, Емануел Макрон.

„Тој е мој херој и мој сопатник“, рече Орбан во Милано, пред средбата со Салвини. Тој истакна дека Салвини лесно би победил на избори во Унгарија каде што, како што се пошегува Орбан, за среќа нема да се кандидира.

Двајцата лидери, кои се приврзаници за построги прописи за прифаќање на мигрантите во Европа, ја потврдија согласноста од потребата за одбрана на границите.

„Нашата цел е да помогнеме таму каде што има проблем, а не да увезуваме проблеми. Унгарија е доказ дека мигрантите може да бидат запрени на копно“, вели Орбан чија земја подигна бодликава жива долж границите со Србија и Хрватска. Додаде дека целта на Салвини е да осигура мигрантите да можат да бидат запрени и на море.

Наспроти Салвини, Орбан како свој главен противник во Европа го именува францускиот претседател, Емануел Макрон.

„Постојат два табора во Европа и едниот од нив го предводи Макрон. Тој е на чело на политички сили кои ја поддржуваат имиграцијата. На другата страна сме ние кои сакаме да ја запреме нелегалната миграција“, рече Орбан.