11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Како добри луѓе да си помагаме и да си пружиме рака за подобра иднина

Премиерот Зоран Заев денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во црквата „Светa Богородица“ во Осоговскиот манастир во близина на Крива Паланка.

„Ова е празник на радоста и љубовта. Колку и да изгледа чудно, што со радост и љубов го славиме успението на Богородица во Царството Божјо после нејзината смрт, дотолку повеќе се потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така – вечни“, рече тој.

Заев додаде дека споделувањето на овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината нè упатува на помислата која многу често ја забораваме под притисокот на минливите, дневни искушенија, кои стануваат решливи доколку им приоѓаме со добрина, љубов и радост.

„На тоа не повикува и овој голем празник. Како добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, во нашата земја“, порача премиерот Заев, честитајќи им го на верниците празникот Успение на Пресвета Богородица.

Спонзорирано: