20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Екслузивно: Светски државници, претседатели и премиери доаѓаат во Македонија – Она што ќе се случува во следните 30-тина дена ќе биде за историја!

Највисоки светски функционери, премиери, претседатели и  државници ќе дојдат во Македонија за време на кампањата за претстојниот референдум која почнува на 30-ти август, дознава Centar.mk.

Функционерите во улога на силни поддржувачи на брзото чекорење на Македонија напред ќе дадат поддршка за успех на референдумот кој ќе значи еден нов почеток за нашата земја

Според информациите на новинската агенција Centar.mk, во Македонија ќе дојдат високи државници од САД, Германија, Велика Британија и останатите земји во ЕУ.

Она што ќе го видиме во следниот период не е видено во историјата на Македонија, коментираат извори.

Премиерот Зоран Заев е една од најголемите причини за доаѓањето на највисоките функционери во Македонија, бидејќи во него гледаат како лидер на новите времиња каков што ретко се гледа низ историјата во глобалната политичка сцена, дознава Centar.mk.

Потезите на македоскиот премиер Зоран Заев и грчкиот Алексис Ципрас, надалеку шират позитивна енергија и даваат придонес на релаксација на затегнатата состојба во Западен Балкан. Решавањето на спорот кој траеше со години е можеби и најголемата и најпозитивната работа која се случила во регионот во изминатиот период.

 

Кампањата почнува на 30-ти септември, засега СДСМ и Собранието ќе учествуваат, ДПМНЕ молчи

Референдумската кампања започнува на 30-ти септември, а Собранието и СДСМ ќе имаат своја кампања која ќе биде за поддршка на референдумот.

СДСМ ќе повика да се гласа ЗА.

Борбата ќе биде за исполнување на цензусот, иако сите анкети покажуваат дека мнозинството граѓани ќе излезат за македонската иднина, и ќе гласаат ЗА референдумот.

Сепак од ВМРО ДПМНЕ нема никаков одговор, туку само молк. Најверојатно ВМРО ДПМНЕ ќе го соопшти својот став на ден пред почетокот на кампањата, иако тие се изјаснија дека нема да ги користат парите кои им следуваат за кампања.

 

Меѓународната заедница бара од ВМРО ДПМНЕ да се изјасни

Меѓународната заедница, но и политичките чинители во Македонија бараат партијата да се изјасни во врска со претстојниот референдум.

Никој нема да им земе за лошо, доколку ВМРО ДПМНЕ одлучи на референдумот да го повика своето членство да гласа “ПРОТИВ” (со тоа би покажале всушност и колку поддржувачи имаат), но евентуален бојкот ќе значи и крај за поддршката на меѓународниот фактор кон оваа партија и ваквиот потег ќе се смета за поддршка на про-руските влијанија, велат аналитичарите.

Спонзорирано: