12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ уште еднаш ја погази демократијата во Македонија

СДСМ уште еднаш ја погази демократијата во Македонија, а Заев уште еднаш ги излажа македонските граѓани и го погази ветувањето за задолжителен референдум, обвини опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, социјалдемократите повторно покажале самоволие и непочитување на парламентарната демократија.

„Свесни за штетноста на капитулантскиот договор и свесни дека договор за промена на уставното не е прифатлив за граѓаните, насила, и со тешка манипулација преку двосмислено референдумско прашање се обидуваат да го протуркаат. СДСМ брутално ја гази демократски воспоставената практика, формулацијата на референдумското прашање да биде резултат на консензус помеѓу сите релевантни политички партии. СДСМ со вака формулираното референдумско прашање го прекрши Законот за референдум, односно членот 15 каде се вели дека „Прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со ‘за’ или ‘против’.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека додека власта се обидува насила да протурка катастрофален капитулантски чин, СДСМ и Зоран Заев спроведуваат невиден грабеж во државата. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за една недела тие се обиделе да украдат 45 милиони евра пари на граѓаните, а за оваа цел ги искористиле Фондот за иновации и Министерството за здравство.

Спонзорирано: