16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанија итно бара 35 милиони евра поради мигрантите

Шпанија итно побара 35 милиони евра од Европската комисија како помош за растечкиот прилив на мигранти во јужниот дел од земјата.

„Шпанија побара дополнителна итна помош, го примивме барањето и сега забрзано го разгледуваме“, истакна портпаролката на ЕК, Наташа Берто.

Таа на прес-конференција посочи дека ова е нов тренд, и дека лидерите на Европската Унија веќе ѝ ветиле на Шпанија голема помош на самитот на Европскиот совет во јуни.

Мигрантите од 2016 година сѐ повеќе ја користат западномедитеранската рута преку Мароко, а Шпанија стана главна капија за влез во ЕУ.

До 18 јули годинава, според податоците на Меѓународната организација на Обединетите нации за миграција, 18.600 илјади мигранти стигнале до Шпанија, преку Мароко, што е двапати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Бројката е сепак значително помала во споредба со бројот на мигранти кои во 2015 година стигнаа во Грција.