10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Обединетата македонска дијаспора повика на бојкот за референдумот

Бојкотoт е единствениот достоинствен одговор на референдумот, смета Обединетата македонска дијаспора.

„Вчера, на незаконски начин кој отстапува од уставните одредби и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша консултативен референдум со 68 гласови ‘за’ и без ниеден глас ‘против’ или ‘воздржан’. Владејачкиот блок на СДСМ, ДУИ и Беса, без присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДМПНЕ, усвои референдумско прашање кое гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, се вели во соопштението на ОМД.

Обединетата македонска дијаспора смета дека вака поставеното прашање е неприфатливо и има манипулативен карактер кој го крие вистинскиот резултат од Договорот со Грција, кој подразбира промена на името на државата во Република Северна Македонија и бришење на македонската историја и посебност.

Спонзорирано: