25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја го обновува производството на ракети?

Американски шпионски сателити откриле обновена активност во севернокорејска фабрика што ги произвела првите интерконтинентални балистички ракети, кои можат да допрат до САД, изјави висок американски претставник. Сателитските информации и снимки покажуваат возила како влегуваат и излегуваат од постројката во Санумдонгу, но не се гледа во која фаза е евентуалното производство на ракети, рекол за „Ројтерс“ истиот неименуван претставник.

Повикувајќи се на извори блиски до разузнавачките извештаи, „Вашингтон пост“ вчера објави дека Северна Кореја работи на една или две нови интерконтинентални балистички ракети на течно гориво во голема истражувачка постројка во Пјонјанг.

Во меѓувреме, висок претставник на јужнокорејскиот претседателски кабинет изјавил дека американските и јужнокорејските агенции будно ги следат различните движења во Северна Кореја, не изнесувајќи повеќе детали.

Доказите до кои дојдоа САД овој месец се најнови и укажуваат на активност во севернокорејските нуклеарни и ракетни постројки, наспроти преговорите со САД и јунскиот самит меѓу лидерите Ким Џонг-ун и Доналд Трамп.