Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Несреќа во Парагвај: Загина министерот за земјоделие во пад на авион

Министерот за земјоделство на Парагвај и уште три лица загинале во пад на мал авион на југот на земјата.

Авионот паднал во шумска област брзо по полетувањето од аеродромот Ајолас, оддалечен околу 380 километри од главниот град Асунсион.

Меѓу загинатите се министерот за земјоделство Луис Гнајтинг, неговиот заменик Висенте Рамирез, како и пилотот и ки-пилотот.

Истражувачите се обидуваат да ја утврдат причината за падот на авионот.