13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Трет ден битка со пожарите во Грција, итна евакуација на населението

Трет ден како се води битката против огнената стихија во Грција. Пожарите сè уште се активни во Кинета и Калитехнополис на Атика. Во Кинета пожарите се шират на два фронта – еден кон Агиои Теодорои, а другиот кон Алепохори. Локалните власти ги советуваат жителите да ги напуштат своите домови и да се евакуираат.

Во моментов на терен се 176 пожарникари со 74 возила, а во спасувачката акција учествуваат и 37 планинари, авиони и хеликоптери. Во гаснењето на пожарот во Калитехнополис учествуваат 196 пожарникари со 96 возила, десет машини за гаснење пожари, пет воени машини и хеликоптер.

Во пожарите кои што ја зафатија Источна Атика во предградието на Атина во изминативе два дена загинаа 74 лица, а стотици се водат за исчезнати.

Вкупниот број на повредени е 164 возрасни лица и 23 деца. Истрагата за пронаоѓање на исчезнатите ја води група од 130 луѓе од армијата и противпожарната единица кои патролираат пеш во областите Вуца, Мати и Рафина. Со оглед на тоа дека голем дел од пронајдените тела се јагленосани, тешко оди идентификацијата на жртвите, а со тоа не се знае дали лицата по кои се трага се живи или не.

Врховниот суд на Грција нареди итна истрага за пожарите во Грција, во кои загинаа десетици луѓе. Според властите пожари паралелно избија во три региони, што не може да биде случајно. Постојат сомневања дека пожарите се подметнати.