22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме почна да беснее низ Македонија – еве каде е најкритично

Невреме веќе беснее во градовите низ Македонија, додека во Скопје има утринско сонце, но не за долго.

Невремето доаѓа и кон нас, а циклонот носи со себе ветер, дожд и грмотевици.

Од УХМР пак најавуваат дека следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Денеска понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен сверозападен ветер.

Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината.