22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчкиот митрополит Амвросиос за пожарите го обвини Ципрас

Грчкиот митрополит Амвросиос на својот блог за катастрофалните пожари кои однесоа 74 животи го обвини премиерот Алексис Ципрас.

Грчкиот митрополит одлучи да ја искористи страшната трагедија во Грција за да порача дека страшните пожари се божја казна за премиерот кој е неверник, пренесоа медиумите.

„Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го предизвика бесот на Бог. Грција ја уништија пожари и поплави“, напиша митрополитот.

Амвросиос потоа цитирајќи го Новиот завет, додаде дека поради оддалечување на луѓето од Бог се случуваат разни катастрофи како што се земјотреси, глад, епидемија, крвопролевање, криминал и катастрофални пожари.

Митрополитот ги поврза пожарите и со фактот дека Ципрас не ја оженил својата девојка.

„Кој е, се прашувам, виновен за оддалечување на модерните Грци од божјиот пат? Кој друг ако не атеистичкиот премиер Алексис Ципрас и неговите соработници“, напиша митрополитот и наведе дека Ципрас не ги крстил своите деца и не ја оженил својата девојка.

Грчките медиуми реагираа гневно на скандалозните тврдења на митрополитот, па потсетија на пожарите во 2007.година, во кои смртно настрадаа 84 лица, кога на чело на државата била религиозната партија Нова демократија.

(makfaks)