6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

(Видео) Полицијата сè уште трага по еден од тројцата напаѓачи на Никола

Полицијата сè уште трага по еден од тројцата насилници што пред десет дена до смрт го претепаа 21-годишниот Никола. Од МВР информираат дека случајот е расчистен за 24 часа и предаден на Обвинителството.

– Во врска со настанот од 29.6.2018, Министерството за внатрешни работи уште еднаш потсетува дека случајот е експресно расчистен, а за тоа соодветно ја информиравме и јавноста. Имено, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. На 29.6.2018 година, околу 17.30 часот, во Скопје, на автобуска постојка на булеварот Александар Македонски, пријавените физички го нападнале Н.С. по што тој бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје. По преземените мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор. Целокупниот доказен материјал му е предаден на надлежното јавно обвинителство и овој случај е во надлежност на ОЈО Скопје, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски

Никола Саздовски почина денеска во болница. Надлежен јавен обвинител донесе наредба за вршење обдукција за да се утврди од што точно починал. Саздовски беше дел од навивачката група „Комити“, од каде што реагираа зошто напаѓачите се гонат за насилство.

Спонзорирано: