9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ со потег кој никој не го очекуваше: Вакво нешто досега не е видено на македонската политичка сцена – прво го напаѓаа, а потоа 11 пати му се извиниле

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на својот „Фејсбук“ профил објави дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ 11 пати му се извинила за 11 обвинувања кои ги искажале за него откако тој поднел тужби за клевета.

Во напишаното тој вели дека добил извинувања за обвинувањата за непотизам, кумски врски, присвојување на материјална корист, незаконско работење и се што требало да доведе до негово деградирање на професионален и личен план.

„Првин ќе ве напаѓаат, после ќе ви се извинат, а би сакал да дојде момент кога меѓусебно ќе се пофалиме за сработеното. Наместо да се впуштам во „ѓаволско докажување” на обвинувањата одговорив со тужби за клевета кои завршија со спогодби преку кои се извинија за се што беше изнесено во јавноста. Нека е ова правна пракса за тоа како треба да изгледа политички дијалог и решавање на меѓусебни обвинувања“, напиша Рашковски.

Во документите кои тој ги објави, како договорна страна стои ВМРО-ДПМНЕ, а на секој од документите посебно е потпишан и тој кој што ги изговорил клеветите, односно Александар Тргачевски, Дарко Костовски, Павлинче Честојнова, Бојан Стојановски, Никола Србов, Невенка Стаменковска и Светлана Јакимовска.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Фотографија на Dragi Raskovski.

Спонзорирано: