12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Младо момче нападнато во Скопје: Со расекотина на грбот итно пренесено во болница

Во вторникот околу 19 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, 22- годишниот Ф.Ќ од Скопје пријавил напад.

Имено истиот ден околу 18 часот и 30 минути на улица „Никола Киров- Мајски“ физички бил нападнат од страна на 58- годишниот Г.Ѓ од Скопје, при што со тврд предмет му нанел расекотина на грбот. Ф.Ќ. со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: