3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ужасна трагедија на екскурзија: Сара (16) врсниците ја најдоа мртва во кревет, причината застрашувачка

Училишниот излет заврши со трагедија, кога тинејџерката Сара Манитоски (16) од Канада е пронајдена мртва, а сега е утврдена и причината за нејзината смрт.

Сара нејзините врсници по враќањето од појадокот ја пронашле како лежи на креветот во бессвесна состојба покрај вклучениот аларм. Болничарите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Утврдено е дека девојчето починало од синдром на токсичен шок. Тоа е заклучено врз основа на симптомите кои Сара ги имала, а на тампонот во нејзиното тело е пронајдена бактерија Staphylococcus aureus.

Оваа бактерија создава токсини кои предизвикуваат треска, напади и смрт. Најголем ризик се за младите девојки кои уште не изградиле антитела, но ги напаѓаат и мажите, децата и жените во менопауза.

Други ризик фактори се изгореници и исеченци на кожата, но и вирусни инфекции како грип. Оваа состојба е екстремно ретка и во 2016 година се пријавени само 40 случаи во САД.

Жените кои имаа менструација со често менување на тампоните спречуваат бактеријата да се развие и да предизвика токсичен шок.

„Малку се знае за тоа и треба да се доведе во фокус. Така непотребна и трагична работа и се случи толку неверојатно на млада личност“, напиша сестрата на Сара, Карли кон крајот на минатата година на Фејсбук.

Спонзорирано: