11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме коси низ регионот, доаѓа ли кон Македонија?: Градот направи големи штети, поплавени се и многу објекти, но најтешкото доаѓа ноќва

Силното невреме кое што беше најавено од метеоролозите попладнево ги зафати Хрватска, Словенија и Италија, но најтешкото се чини деа ќе биде оваа ноќ за кога се најавува интензивирање на лошите временски енприлики.

Силно невреме ја погоди севеверозападна Хрватска, како и делови од Словенија и Италија.

Пожарникарите се на терен и интервенираат на поплавените места.

Покрај силниот дожд паѓал и град при што може да се забележат и големи штети.

Инаку метеоролозите за во Македонија предвидуваат дека во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево и топло време, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

За време на викендот во попладневните часови, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално се можни поинтензивни процеси.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.