Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Уапсени повеќемина македонски мафијаши

Италијанската полиција уапси 17 лица во операција за нелегална трговија со мигранти и оружје. Осомничените ги извршувале криминалните акативности во соработка со сицилијанската мафија и со паравоени сили што работат на Балканот, тврдат обвинителите на окружната Дирекција против мафијата во Палермо, кои ја координирале операцијата.

Против уапсените се поднесени различни обвиненија за злосторничко здружување, за трговија со мигранти долж балканската рута, за трговија со оружје и накит и перење пари, информираат од италијанската воена полиција. Налози за притвор се издадени за деветмина италијански државјани од Палермо, како и од северните провинции Комо и Сондрио, додека осуммина се од Балканот. Меѓу нив има и Албанци од Македонија.

Почнувајќи во 2016 година, истрагата открила две различни оперативни структури во рамките на таквата група. Една од нив била фокусирана на фаворизирање на влезот на нерегуларни мигранти од Балканот во Италија и Швајцарија, додека втората истрага била посветена на оружјето за трговија со луѓе и перење на нелегалните приходи добиени од грабежи.

Истрагата е спроведена со судските органи во земјите од каде што потекнуваат приведените лица. Истражителите имаат докази за некои од осомничените кои имале најмалку три средби со двајца членови на сицилијанската мафија помеѓу ноември 2016 и октомври 2017 година.

Што се однесува до обвинението за шверц со оружје, полицијата соопшти дека еден од приведените Македонците, поседувал кратко и долго боево оружје и неколку бомби, од кои некои неодамна биле продадени на други субјекти на Балканот. Најмалку еден од тие субјекти во моментов бил баран од македонската полиција како член на паравоената група – Ослободителна војска на Косово. Паравојните сили беа инволвирани во вооружен напад во градот Куманово во Македонија во мај 2015 година, што резултираше сосудири со македонските безбедносни сили.

„Таквиот фактор (врските со италијанската банда и осомничени парамилитарци на Балканот) претставуваше најголем алармантен аспект на нашата истрага”, рече шефот на Карабинери во Палермо.

Спонзорирано: