Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Тежок инцидент на Косово – има ранети полицајци

Тројца припадници на косовската полиција денеска се ранети во Грачаница во обид да сопрат едно лице, јави Радио телевизија Косово.

Според истиот извор, кој се повикува на косовското МВР, инцидентот се случил по 15 часот во еден хотел во селото Преоц, општина Грачаница по пресметката со еден косовски Албанец, кој во обид да и побегне на полицијата, ранил тројца припадници на полициските сили. Во акцијата било уапсено и лицето кое пукало врз полицајците. Повредените полицајци се пренесени во болница.

Косовските медиуми нагласуваат дека засега нема детали околу вооружениот инцидент.

Спонзорирано: