16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општините ќе добиваат средства од приходите од ДДВ

Владата на денешната седница ја усвои предлог – уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2019 година.

Според пресметката којашто ја подготви Министерството за финансии, средствата ќе се распределуваат по следниот модел: фиксен дел во износ од 3 милиони за сите општини и градот Скопје и променлив дел којшто ќе се распределува според математичка формула – во зависност од бројот на жителите во општината – 65%, во зависност од површината на општината – 27% и според бројот на населени места во општината – 8%.

Распределбата на дотации од ДДВ ќе се врши од Буџетот на Република Македонија, почнувајќи од први јануари следната година.