20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Јавниот долг на Македонија лани бил над 4 милијарди евра

Владата на денешната седница го прифати годишниот извештај на Министерството за финансии за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2017 година.

Според извештајот, јавниот долг на Република Македонија на крајот на 2017 година изнесувал 4.786,9 милиони евра што претставува 47,6% во однос на БДП. Од оваа сума, 3.187,5 милиони евра отпаѓаат на надворешниот, додека 1.599,4 милиони евра на внатрешниот јавен долг.

Државниот долг на крајот на 2017 година, пак, изнесувал 3.958,5 милиони евра односно 39,3% во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, велат од Владата, Македонија и натаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2017 година изнесувал 81,6%.

Според годишниот извештај на Министерството за финансии бројот на вработени во 2017 година се зголемил за 2,4%, односно за околу 17 илјади лица споредено со 2016 година. Зголемување од 2,6% на номиналната основа и раст од 1,2% на реална основа, лани бележи и просечната нето/бруто-плата.