12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Сијарто: ЕУ треба да забрза со проширувањето на земјите од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Европската Унија би требало да забрза со процесот на проширување за да ги прими земјите од Западен Балкан.

„Мораме да ја прошириме ЕУ што побрзо“, изјави Сијарто.

„Ројтерс“, кој ја пренесе неговата изјава, оцени дека Србија и Црна Гора, кои се најнапредни кандидати на Западен Балкан, не е веројатно да пристапат во европскиот блок пред 2025 година, меѓутоа Сијарто наведе дека не е неопходно да се чека седум години за завршување на тој процес.

„Сакаме да видиме во ЕУ 28, 29 и 30 земја членка. Западниот Балкан е место каде што можат да се појават тензии“, порача шефот на унгарската дипломатија.

„Ројтерс“ ги пренесе и тврдењата на неуменуван ЕУ-дипломат дека Франција и Холандија се против плановите на ЕУ да дозволи преговори за членство со Албанија и Македонија, поради загриженоста дека оваа одлука дополнително би можела да ги зголеми анти-мигрантските чувства во Унијата.

Спонзорирано: