10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на средба со Себастијан Курц во Виена

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, денеска ќе престојува во официјална посета на Австрија, а утре ќе биде во работна посета на Полска.

Како што информираат од Владата, Заев во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Претседателот на македонската Влада ќе има средба и во парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата со владината делегација ќе има средби и со претставници на бизнис-заедницата во Австрија.

Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски, информираат од Владата.

Спонзорирано: