18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стејт департмент: САД ја почитуваат одлуката на турските гласачи

Стејт департментот на САД соопшти дека го почитува изборот што го направиле турските гласачи на претседателските и парламентарни избори во неделата, пренесуваат турските медиуми.

„Ја почитуваме одлуката на турските гласачи и со нестрпливост очекуваме да продолжиме да градиме конструктивни односи со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, со кого се соочуваме со заеднички предизвици“, истакнуваат од Стејт департментот.

Во соопштението се вели дека САД ги охрабруваат избраните турски претставници, вклучувајќи го и Ердоган, да ги претставуваат различните ставови на сите турски граѓани и да ја зајакнат демократијата во Турција.

Во неделата Турција го реизбра Ердоган за претседател. Актуелниот шеф на државата победи на изборите со 52,58 отсто од гласовите, наспроти неговиот противкандидат, кој доби 30,64 отсто од довербата на гласачите.