18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата потврди, командант Хоџа е ангажиран како соработник на Заев за безбедност

Владата утрово го потврди ангажманот на Џезаир Шакири како надворешен соработник во Владата.

„Поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија Џезаир Шаќири е времено ангажиран како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борбата против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија“, соопшти Владата.

Прес-службата додаде дека Џезаир Шакири има времен договор со времетраење од една година, со висина на примања од 36 000 денари месечно.

По информациите и реакциите викендов, кога стана јасно дека Шакири е ангажиран во Владата, тој на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека го добил работното место за да преживее.

„Не сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно се работи за функција за да преживеам“, напиша Шакири.

Џезаир Шакири, кој е познат како командант Хоџа во конфликтот од 2001 година, беше еден од командантите на ОНА. Во конфликтот загинаа 75 припадници на македонските безбедносни сили.

Спонзорирано: