23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Променливо облачно време со услови за пороен дожд попладне

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни. Максималната температура ќе се движи од 19 до 28 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.

Спонзорирано: