14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Oдрони од карпи ја блокираа едната коловозна лента на патот Стража – Охрид

На патниот правец Стража – Охрид има одрони на карпи што ја блокирале едната коловозна лента. На терен нема екипи кои работат на расчистување и обезбедување на патот, а причината за одронот се обилните дождови што ја зафатија Македонија и Балканот во текот на вчерашниот ден.

Сообраќајот не е блокиран, но на коловозот нема сигнализација што би ги предупредила возачите за одроните. До овој момент нема никаква информација од АМСМ.

Спонзорирано: