14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Талибаните најавија пролетна офанзива

Талибаните соопштија дека почнуваат со пролетна офанзива и ја отфрлија понудата за мировни разговори со авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Екстремистите најавија дека главна цел на нивните напади ќе бидат американските сили во Авганистан.

Објавувањето на кампањата Ал Хандак, именувана по т.н. битка на ровот, во која се борел пророкот Мухамед за да го одбрани градот Медина во раните денови на исламот, го означува симболичниот почеток на борбената сезона.

Стотици луѓе се убиени и повредени во серијата напади од висок профил во Кабул од почетокот на годината, и покрај понудата на Гани во февруари за мировни разговори без предуслови.

Спонзорирано: