9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот за дијаспора во САД: Македонија е подготвена за влез во ЕУ и НАТО

Во текот на вчерашниот ден министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со висок претставник во Стејт департментот, Пол Фајфер, во Бирото за Европа и Евроазија.

Адеми ја истакна силната заложба на Владата на Република Македонија за воспоставување институционална соработка со дијаспората и ги запозна домаќините со работата на Владата во однос на актуелните политички прашања, при што ја потврди посветеноста на Република Македонија за влез во НАТО и Европската Унија.

Високиот претставник на Стејт департментот, Пол Фајфер, ѝ честиташе на Владата за добиената чиста препорака од Европската комисија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и изрази силна поддршка од САД за реформските процеси во Македонија дефинирајќи ја Македонија како една од ретките земји кои за краток период направија целосен пресврт на внатрешен план, регионалната соработка и во меѓународната политика во целина.

Воедно, во попладневните часови во просториите на Амбасадата на Македонија во Вашингтон министерот Адеми се сретна со претставници од Форумот за Демократска Македонија.

Спонзорирано: