18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Годишнина од нуклеарната катастрофа во Чернобил: Несреќа што погоди над 8 милиони луѓе

Меѓународниот Ден во спомен на катастрофата во нуклеарната централа „Чернобил“, која се случи пред 32 години, во 1986 година се одбележува низ целиот свет.

Експлозијата во нуклеарната електрана „Чернобил“ во Украина испрати радиоактивен облак низ големи делови на Советскиот Сојуз, денешни територии на Украина, Русија и Белорусија, при што на зрачење беа изложени околу 8,4 милиони луѓе.

Несреќата се случила при тестирање на безбедноста на реакторот во случај на прекин на електричната енергија.

Две лица загинаа во самата експлозија, а неколку десетици загинаа во следните денови, месеци и години од акутни последици од радијацијата и рак. Градот Припјат, кој се наоѓал во непосредна близина на Чернобил, денес е целосно напуштен.

Во 2016 година ОН го прогласија 26 април за меѓународен Ден за спомен на катастрофата во Чернобил, а во Русија и Белорусија има и национален ден на сеќавање.