11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Скрипал повеќе не е во критична состојба, потврди болницата

Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал повеќе не е во критична состојба, по труењето со нервен агенс, соопштија лекарите. Окружната болница во Салсбери соопшти дека Скрипал добро реагирал на третманот и дека брзо се подобрува неговата состојба.

Како што соопштил директорот на болницата, Скрипал е свесен и зборувал до лекарите.

Скрипал (66) повеќе од еден месец беше на интензивна нега и во критична состојба, откако заедно со неговата ќерка Јулија (33) беа отруени со нервен агенс-Новичок, во Салсбери.

Владата на Велика Британија тврди дека Русија стои зад нападот, но Москва ги негира обвинувањата за вмешаност, нарекувајќи ги ужасни и неосновани.

Спонзорирано: