11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај до Рама: Нашите бизнисмени ќе го користат пристаништето во Солун

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај упати остри критики на адреса на неговиот албански колега Еди Рама поради високите патарини на автопатот кој ја поврзува Албанија со Косово.

„Косовските бизнисмени но и бизнисмените од Албанија се мошне оштетени со високата патарина“ изјави Харадинај за албанската телевизија „Топ Чанел“, додавајќи дека косовските бизниси во една ваква состојба ќе го изберат пристаништето во Солун наместо пристаништето во Драч.
.
Премиерот на Албанија Еди Рама синоќа за ТВ „Клан“ рече дека одлуката за патарината ќе се применува се додека не се најде заедничко решение со локалното население во Кукс, но притоа не даде објаснување дали е можно намалување на тарифата на патарината за што се залагаат и дел од пратеници на владеачката социјалистичка партија.

Инаку, опозицијата во вторник ги продолжува протестите, повторно со бликирање на главните автопати во земјата.

Спонзорирано: