16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: Имаме поддршка од земјите на Движењето на неврзаните

Србија има поддршка од земјите членки на Движењето на неврзаните во врска со прашањето на територијалниот интегритет и нашата независност и постои голема подготвеност кај сите тие земји сериозно да разговараме за целината на нашите однсои,вклучително и за прашањето за Косово, изјави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кој учествуваше на министерската конференција на Движењто на неврзаните во Баку.

Дачиќ нагласи дека повеќе од 80-те земји кои не го признале Косово, над 60 се членови на Движењето на неврзаните и наведе дека поради тоа многу е важно Србија да ги негува односите со тие земји.

„Многу е важно да негуваме добри односи со тие земји, да инсистираме на реафирмација на добрите односи од времето на Тито, а со тоа и на исправување на некои грешки, па и погрешни одлуки кои следеле од страна на кеои земји во врска со Косово“ рекол Дачиќ за „Танјуг“.

Според Дачиќ, Движењето на неврзаните е од големо значење за Србија, имајќи предвид дека земјата ја наследила традицијата на Југославија и на претседателот Тито, кој, како што вели Дачиќ, ужива одлична репутација кај овие земји.

Спонзорирано: