16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во српски камион откриени 79 мигранти на унгарско-романската граница

Унгарската полиција пронашла 79 илегални мигранти сокриени во камион со српски регистарски таблички на граничниот премин Артанд, меѓу Унгарија и Романија, соопшти портпаролот на полицијата на унгарскиот округ Хајду-Бихар, пренесува РТС.

Додека романските службеници проверувале патни исправи, унгарската полиција го прегледала камионот и приколката, забележувајќи дека магацинскиот простор не бил адекватно затворен.

За време на понатамошната проверка, полицијата пронашла 79 лица сокриени меѓу вреќите со брикети, кои ги пренесувал камионот. Поголем дел од мигрантите биле ирачки и сириски државјани.

Романската гранична полиција покренала процедура против илегалните мигранти.

Спонзорирано: