Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца затвореници избегаа од затвор во Софија

Бугарското Министерство за правда соопшти дека денеска во 15:45 часот по бугарско време двајца затвореници извеле вооружен напад врз службеници од затворот во Софија, по што побегнале.
Министерството додаде дека во моментов се спроведуваат потребните истражни дејствија, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.
Засега во јавноста не е познат идентитетот на затворениците и делото за кое биле осудени.