8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува, улогата на полицијата суштински зајакна

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години го партизираше и злоупотребуваше Министерството за внатрешни работи, вршеше притисоци врз вработените во МВР, денес нема никаков кредибилитет да зборува за работата на полицијата, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Започнатиот процес на ослободување и реформа на институциите резултира со темелно департизирање на МВР, негова професионализација, зголемена ефикасност и постапување во интерес на законите и граѓаните. Министерството за внатрешни активно работи на расветлување на сите случаи и транспарентно ја известува јавноста за постапувањата“, се вели во соопштението на СДСМ.
Партијата понатаму додава дека недостиг на гориво, униформи, опрема и руинирани полициски станици биле одлика на расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а за разлика од таквиот однос кон полицијата, денес системски и посветено се работи на подобрување на условите за работа на вработените во МВР. За таа цел,  се градат нови и се реновираат постоечките полициски станици, се набавуваат униформи и соодветна опрема, нешто што, како што велат, не било направено цела деценија за време на владењето на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ додава дека суштински зајакна и улога на полицијата во општеството, потсетувајќи на воведувањето на позорникарската служба или маалскиот полицаец.