17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ципрас: Анкара да ги ослободи војниците како знак на добра волја

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја повика Турција во знак на добра волја да ги ослободи двајцата грчки војници кои беа уапсени минатиот месец по преминувањето на турската граница. Тој, исто така, изрази загриженост за провокациите од страна на Анкара.
„Во последно време зајакнаа провокациите и придонесоа за ескалација на ситуацијата на сите фронтови“, рече Ципрас на владина седница.
Двајцата грчки војници беа приведени на 1 март, кога при лоши временски услови, придружени од снежни врнежи, студ и силен ветер, ја преминаа границата меѓу Грција и Турција, по што од грчка страна беше обраложено дека изгубиле ориентација. Турскиот суд го одби барањето за нивно ослободување неколку дена подоцна и одлучи војниците да бидат задржани во притвор. Нивните адвокати побараа војниците да се ослободат и да бидат префрлени во грчкиот конзулат, каде што ќе се чека почетокот на процесот.