11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Викендов 32 сообраќајни несреќи во Скопје

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди, од кои три со тешки телесни повреди, 10 со телесни повреди и 19 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди три лица (еден пешак, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл) добиле тешки телесни повреди и 12 лица добиле лесни телесни повреди. Санкционирани се 68 возачи бидејќи се возеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, од сообраќај се исклучени 79 возачи: од нив, 52 управувале возила пред да стекнат право за управување моторно возило, 10 биле возачи почетници и 17 управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова, 20 возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, 10 возачи неправилно престигнувале и тројца не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Од сообраќај се исклучени и 46 возила бидејќи 45 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Во однос на пешаците, двајца пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин.

Во текот на изминатите денови издадени се 208 мандатни платни налози, а 145 возила се подигнати со „пајак“.

Спонзорирано: