9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Државата тоне на политички и економски план

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира дека државата тоне на политички и економски план, укажувајќи дека додека сите економии растат, БДП во Македонија стагнира.

„Платите не мрдаат, животот станува поскап, а стандардот паѓа. Расне само корупцијата и таа ги брка странските инвеститори да бараат подобра клима во соседството. Планот 3-6-9 е клинички мртов. Затоа СДСМ после едно соопштение сфатија дека ја утнале, па испратија корекција во која си дадоа нов рок. СДСМ ветуваше реформи во правосудството, во безбедносните служби и во администрацијата, но останаа само празните зборови. Нема 100.000 денари плати за лекарите и 30.000 денари просечна плата. Нема нови 500 километри автопат, а не можат да ги завршат ни започнатите. Нема враќање ниту на 600.000 иселени од Македонија“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека покачена е и акцизата на дизел горивото, а сега, како што велат, СДСМ сакаат да удрат и по џебовите на младите кои работат во ИТ секторот.

Спонзорирано: