17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел е рекордер по патувања во странство во историјата на германските канцелари

Германската канцеларка Ангела Меркел е рекордер во патувања во странство помеѓу сите политичари што стапнале на функцијата канцелар од создавањето на сојузната република.

За 12 години Меркел ја напуштила Германија по службена должност 419 пати. Германскиот весник „Билд“ објави дека таа посетила 79 земји.

Второто место по бројот на патувања – 131 за 7 години му припаѓа на Герхард Шредер, кој е канцелар во периодот од 1998 до 2005 година. Бронзениот медал е за Хелмут Кол, кој во период од 16 години остварил 102 службени патувања. Најумерен во однос на патувањата бил Лудвиг Ерхард (1963-1966), кој посетил само 12 земји.

Најчесто шефовите на германската влада ја посетувале Франција – 106 пати, од кои половина на сметка на Меркел; Белгија 92 пати и САД 63 пати. Понатаму, следуваат Велика Британија со 35 посети и Италија со 34.

На 14 март Бундестагот четврти пат ја избра Меркел за канцелар и покрај зголеменото незадоволство од нејзината политика и тешките коалициски разговори. Ако има целосен мандат, таа ќе се изедначи со Хелмут Кол во однос на времетраењето на функцијата.

Спонзорирано: