14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен е еден од најбогатите руси

Зијавудин Магомедов, кој во извештајот на американското Министерство за финансии е наведен како еден од 96-те олигарси блиски до Владимир Путин, заврши зад решетки. Тој беше уапсен во саботата под обвинение дека проневерил повеќе од 35 милиони долари по што му беше одреден притвор до крајот на април.

Еден од најбогатите Руси има компанија за градежништвото и логистика, а инвестирал и во амариканска компанија за технологија.

Освен него, биле уапсени и Магомед Могамедов и Артур Максидов, чија компанија учествувала во изградбата на објектот за натпреварите од Светското првенство во фудбал, кои ќе се одиграат во руската енклава Калининград.

Могамедов е обвинет за проневера на државни пари за време на изградбата на арената „Балтика“, а во судот беше кажано дека тројцата уапсени работеле како дел од организирана криминална група и се обиделе да извршат притисок врз сведоците.

Според медиумите, Могамедов е дел од групата на руски милијардери, кои, иако јавно му се лојални на Кремљ, не се дел од внатрешниот круг околу претседателот Владимир Путин.

Спонзорирано: