17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите во Скопје: Сообраќајот ќе се “поремети” на овие булевари и улици

На булеверот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир во наедните два дена (3 и 4 април) ќе се воведе привремен сообраќаен режим, информираат од Град Скопје.

Во овој период ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“.

Поради тоа ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат сигнализацијата на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.