10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лоши вести за времето за време на празничниот викенд: Прогноза за следните денови

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза за времето.

Времето денеска е сончево со мала доумерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

На планините ќе има зголемување на облачноста.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст.

В четврток сè уште ќе биде топло, но ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд.

Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има ноќта кон петокот и ќе биде проследен со повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер, а особено на југот ќе има услови за нестабилност и грмежи.

Спонзорирано: