Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фото: Се сруши асфалтот – на овој патен правец се вози по една коловозна лента

На патот Макази – граничен премин Маркова Нога поради свлечиште кај местото викано Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема уловите на патот.

фото Скај,

извор: АМСМ

Спонзорирано: