17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка на „Првомајска“, Мерцедес се преврте на кров

Тешка сообраќајна несреќа синоќа околу полноќ се случи во населбата Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“.

Според информациите на Курир од терен, автомобил „Мерцедес“ со штипски регистерски ознаки, најверојатно прво удрил во автобуската постојка, по што продолжил да се движи во паркот зад неа удирајќи во бандера и на крај се превртел на кров.

Засега нема информации за евентуално повредени лица.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денов.

Спонзорирано: