14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Двајца повредени во сообраќајна незгода во Аеродром

Една жена добила тешки телесни повреди како сопатничка кога возилото во кое се наоѓала, „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Е (68) од Скопје, се судрило со патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски таблички, управувано од Д.Л. (33) од Штип. Сообраќајната незгода се случила вчера околу 11.30 часот на крстосницата од булеварот Јане Сандански со улицата Васко Карангелески во Скопје.

Н.Е. (64) со друго возило била пренесена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош. Возачот во возилото „ауди“, Л.Е,. добил телесни повреди. Тој со возило на брзата помош исто така бил пренесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и по укажаната лекарска помош, бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: