22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Левински по 20 години проговори за аферата: Клинтон ја злоупотреби моќта

Поранешната приправничка на Белата куќа, Моника Левински, по 20 години се огласи за аферата со претседателот Бил Клинтон изјавувајќи дека се работело за очигледна злоупотреба на моќта, а не за сексуален напад.

Левински во интервју за магазинот „Венити фер“ раскажа дека имала посттрауматски стрес и дека долго време ѝ било тешко да излезе надвор.

Таа открива дека една од водечките жени на движењето #MeToo ја охрабрила да ја раскаже својата приказна.

„Сега кога имам 44 години, сфаќам која е разликата во моќта на еден стажист и на претседател на држава во Белата куќа. Тогаш бев на почетокот од своите 20-ти години и си дозволив да минам некоја граница на интимна и емоционална поврзаност со Клинтон“, вели Левински и додава дека Клинтон тогаш бил во цветот на кариерата, а таа на првата работна позиција по колеџот.

Левински открива дека за време на истрагата не смеела да говори за себе и да се брани. Вели дека настаните од 1998 година биле траума за нацијата и во тие моменти се чувствувала осамено.

Клинтон, против кого беше поведена постапка за отповикување, во август во 1998 година призна дека имал несоодветен однос со младата приправничка во Белата куќа.

Спонзорирано: