14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца малолетници удрени од автомобил на „Рузвелтова“

Двајца малолетни пешаци од Скопје се здобиле со повреди откако во текот на вчерашниот ден околу 20:10 часот на крстосницата од улицата „Франклин Рузвелт“ со улицата „Орце Николов“ во нив удрил автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од скопјанецот Ј.Д. (37).

Од ударот малолетниците на возраст од 16 и 17 години се здобиле со повреди и со друго возило биле пренесени на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: