12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Познатиот српски музичар се самоуби пред сопругата – остави две малолетни деца

Познатиот српски музичар Славиша Цале Антанасиевиќ се самоубил со бесење јавуваат српските медиуми.

Цале се самоуби со бесење на 13. февруари, во својата семејна куќа во Смедерево.

Српските медиуми пишуваат дека никој не знае зошто истакнатиот музичар, хармоникаш, клавијатурист, дигнал рака на себе.

Сопругата Јасмина вели дека го убила работата со која цел ден бил зафатен.

– Никој не помисли дека ќе направи нешто вакво.

Пиевме кафе, па ми рече: не можам да ја издржам оваа болка. Отиде во тоалетот, таму се заклучи и се обиде да се обеси.

јас успеав да влезам и го спасив.

Потоа, отиде во гаражата, се заклучи зад алуминиумската врата. Не можев да го спасам, вели сопругата.

Тој последните години се жалел на силни главоболки, а не се знаела причината.

Многу работел, патувал и се му се собрало со влошеното здравје.

Нивните деца од 16. и 11. години ја знаат вистината и се скршени.

Спонзорирано: